Македонскиот ракометар Лазаров позитивен на ковид-19!

Кирил Лазаров и Нант минимално поразени во ЕХФ Европската лига од германскиот Лемго/Фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Денеска од неговиот клуб Нант објавија дека после направените ПЦР тестови во понеделник, резултатите дадоа два позитивни случаи на ковид-19.

Нант веднаш ја информираше Европската ракометна федерација да се одложи натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите против словенечката екипа на Целје.

Клубот не ги објави имињата, но  француските медиуми открија дека станува збор за двајца играчи, македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и шпанскиот пикер Адриа Фигуерас.

Ова е веќе трет одложен меч за Нант сезонава, претходно беа одложени дуелите со Мотор Запорожје и ППД Загреб.

Нашиот 40-годишен десен бек пред да им се врати на клупските обврски, беше најзаслужен за двете стартни победи на Македонија во новите евроквалификации против Финска и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот