Македонскиот ПЕН-центар со онлајн митинг одбележа три јубилеи на Светскиот ден на поезијата

Македонскиот ПЕН-центар по 32. пат го одбележа Светскиот ден на поезијата – 21 март, со поетски митинг и Порака до поетите од светот. Овој пат одбележувањето се одржа онлајн и беше посветено на три јубилеи: 100-годишнината од раѓањето на основоположникот на македонската модерна поезија Блаже Конески, за што во оваа пригода беа прочитани неколку негови песни, на 700-годишнината од смртта на големиот италијански ренесансен поет Данте Алигиери и на 100-годишнината од основањето на Меѓународниот ПЕН.

На поетскиот митинг со свои пригодни песни зедоа учество десет еминентни македонски поети-членови на Македонскиот ПЕН-центар, а Посланието, во кое се укажува на големото значење на Конески и Алигиери во развојот на македонската и светската поезија, го соопшти Анастасија Ѓурчинова. За важноста на Светскиот ден на поезијата и за традицијата на неговата прослава кај нас говореше Зоран Анчевски, претседател на Македонскиот ПЕН-центар.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 74, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот