Македонскиот одбојкар Ѓоргиев од следната сезона во редовите на Волеј Љубљана

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

32-годишниот македонски одбојкарски репрезентативец Никола Ѓоргиев ја продолжува кариерата во Словенија, поточно во редовите на АЦХ Волеј Љубљана.

АЦХ Волеј Љубљана има вкупно 17 титули во домашниот словенечки шампионат, од 2005 до 2020 беше на врвот, но годинава мораше да се задоволи со вицешампионското место зад ОК Марибор.

Претходно беше дел од Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Малије Мили Пијанго, Париз Волеј, Торај Ероуз, ОНИКО Варшава и Осака.

– Среќен што објавувам дека следната сезона ќе игра за АЦХ Волеј Љубљана. Да се надеваме на уште една среќа, здрава и успешна година. Бог да ја благослови нашата сезона – напиша Ѓоргиев на својот Инстаграм профил потврдувајќи ја својата 17 интернационална сезона.

Неодамна настапи со нашата сениорска селекција освојувајќи го второто место во Европската сребрена лига.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Gjorgiev (@nikola_gjorgiev)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот