Македонскиот капитен – најдобар странец во хрватското првенство

Фото: GNK Dinamo/Twitter

Репрезентативецот на Македонија Стефан Ристовски го освои петтото место на најдобри фудбалери во првенството на ХНЛ според „Софаскор Хрватска“.

Македонскиот капитен доби оценка од 7.20 и освен што тоа беше доволно за петтото место помеѓу сите фудбалери, тој е и најдобар помеѓу странците.

Пред Ристовски се хрватските фудбалери Јосип Мишиќ (7,34), Марко Ливаја (7,27), Дино Периќ (7,24) и Лука Иванушеќ (7,23).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот