Македонскиот камионџија во САД повторно ќе ви ги стопли срцата (ВИДЕО)

Дарко Јефремов / Фото: Инстаграм

Откако минатата година се облече како Дедо Мраз и на скопските улици делеше новогодишни пакетчиња на бездомниците, влогерот со автентичен хумор, Дарко Јефремов ги освои срцата на македонската јавност.

https://www.instagram.com/p/BsA3hOYHNGV/?utm_source=ig_embed

Во едно интервју Јефремов откри дека е роден во Ниш, растен во Скопје, школуван во Битола, а сега работи во САД како камионџија. На голем дел од јавноста, Дарко е познат по неговото неформално шоу „Камионџија“, во кое тој се снима додека вози камион и „пука сеир“. Тој е доста популарен на Инстаграм и има фанови од цела Македонија, но и регионот, што придонесе балканските медиуми да се заинтересираат за неговиот Инста-хумор и да му постават прашања за интервју.

Но, вистинската причина поради која пишуваме сега за Дарко, е неговото последно видео на Инстаграм. Оние што го следат, знаат дека тој стои и зад Инста-профилите Да бидеме хумани и ДарковлогсШоп. На вториот профил, може да се нарача облека со неговиот бренд или хумористични написи. Камионџијата преку видео обраќање покажа колку приходи се собрани од продажбата на неговата онлајн продавница, а добрата вест е што покажа и точно каде ќе завршат сите тие пари – за хуманитарни цели, и тоа со име и презиме на лицата на кои им е најпотребна помошта. Браво Дарко!

Погледнете го видеото:

https://www.instagram.com/p/B5nIwYOHMm7/

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот