Македонскиот голман Димитриевски се договорил со Ал Наср?

столе димитриевски
Столе Димитриевски сезонава брани одлично за Рајо Ваљекано/ фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Изминатиот период се шпекулираше дека македонскиот репрезентативен голман се поврзува со трансфер во каталонскиот гигант Барселона.

Столе Димитриевски веднаш ги демантираше ваквите гласини и изјави дека нема никакви информации за можна преселба на „Камп Ноу“.

Потоа, новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил објави нова понуда за нашиот чувар на мрежата која доаѓа од Саудиска Арабија.

Денеска уште еден познат новинар кој ја следи ситуацијата на фудбалскиот трансфер пазар шпекулира околу иднината на Димитриевски.

Според Руди Галети на својата Твитер објава ја информираше јавноста дека Ал Наср и Македонецот постигнале договор околу личните услови.

Течат разговорите со неговиот клуб Рајо Ваљекано со кој сезонава покажа одлични перформанси. Останува да се види дали навистина ќе се дојде до трансфер или станува збор само за уште една шпекулација.

Во Саудиска Арабија веќе настапува еден македонски репрезентативец, станува збор за Езџан Алиоски кој ги брани боите на Ал-Ахли.

Видео на денот