Македонскиот голман Димитриевски позитивен на Ковид-19!

Како што информираа денеска од шпанскиот фудбалски клуб Рајо Ваљекано, после направените ПСР тестови минатиот вторник беше потврден еден позитивен случај на коронавирус.

Заразеното лице е веќе во изолација, во домашни услови под медицински надзор. Овој играч немаше никаков контакт со кој било друг фудбалер во клубот.

Од клубот не го соопштија името на играчот, но затоа подоцна во текот на денот медиумите кои се често поврзани со екипата и сето најново што се случува, го објавија името.

Станува збор за нашиот Столе Димитриевски, првиот голман на македонската сениорска репрезентација. Тој ќе биде изолиран во наредните неколку денови и нема да биде во можност да тренира на „Сиудад Депортива“.

Информациите велат дека овој петок или во сабота чуварот на мрежата ќе има нов ПСР тест и нема да тренира сè додека тестовите се негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот