Македонскиот голман Димитриевски позитивен на ковид-19

димитриевски
Голманот на Рајо, Столе Димитриевски не тренира и се наоѓа во изолација/Фото: Петр Стојановски

Уште еден македонски репрезентативец овој период е позитивен на коронавирус, станува збор за голманот на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски.

Ваквата информација ја пренесуваат шпанските медиуми, Рајо се наоѓа во ковид-проблеми, покрај нашиот чувар на мрежата од клубот на листата позитивни се наоѓаат уште девет играчи, меѓу кои и екс членот на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао.

Димитриевски по вторпат е позитивен на коронавирус, претходно имаше позитивен тест во август минатата година.

Инаку Димитриевски имаше досега одлични перформанси сезонава за неговата екипа во шпанската „Ла Лига“, со признание дека моментно е во Топ 5 најдобри голмани во Европа.

Со Рајо има важечки договор до 30 јуни 2024 година, а во изминатите денови Барселона покажа интерес за услугите на нашиот голман.

Елиф Елмас позитивен на коронавирус

 

Видео на денот