Македонскиот филм „Сестри“ го отвора ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Фото: Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

Вечер во Битола почнува 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Црвениот тепих за филмофилите ќе биде поставен пред пациото на битолскиот Музеј, а на филмското платно ќе биде емитуван македонскиот филм „Сестри” кој неодамна на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари, освои специјална награда од тамошнто жири.

Во филмот на режисерката Дина Дума и кинематогаферот Наум Доксевски настапуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Ханис Багашов, Мај-Линда Косумовиќ и Верица Недеска. Филмот „Сестри” е копродукција меѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.

Во рамки на фестивалот, организаторот ќе врачи „Златна Камера 300″ за животен опус на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер и специјална награда „Камера 300″ на рускиот режисер Андреј Кончаловски.

Најновото фестивалско издание на ИФФК „Браќа Манаки”, во градот под Пелистер се одржува под мотото „И покрај се“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот