Македонскиот „Фелаини“ пред трансфер во грчкиот Арис!

фото: твитер/twitter.com/arisworldfans

Како што информираат грчките медиуми, екипата на Арис се очекува да биде новиот клуб на 20-годишниот Али Адем.

Тој е еден од најголемите македонски фудбалски таленти, минатата сезона ги бранеше боите на Вардар.

Овој трансфер бил договорен уште од претходно, но поради затворените граници и пандемијата на коронавирус истиот не можеше порано да биде остварен.

Во наредните денови се очекува Адем да патува за Солун каде што е лоциран клубот предводен од германскиот тренер Михаел Енинг. Треба да ги помине лекарските прегледи и официјално го потпише договорот.

Арис во ланската натпреварувачка сезона во најсилното грчко првенство го освои шестото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот