Македонскиот „Фелаини“ на радарот на Фенербахче

Фото: ФК Вардар

Од една страна Елмас се очекува за 15 милиони евра летово да направи трансфер во една од Топ 5 европските лиги.

Еден од најталентираните фудбалери на Вардар, Али Адем е „мета“ на еден од турските великани. Ако си замине Елмас, Фенер го гледа Адем како негова замена.

Фенербахче покажал интерес за услугите на Адем и планира да го ангажира без обесштетување.

Адем или „македонскиот Фелаини“ роден во Скопје е дел од младинските категории на Вардар. Лани настапуваше за У18 репрезентацијата на Македонија.

Овој евентуален трансфер во Истанбул би бил добредојден за уште поголем развој на неговиот фудбалски талент.

Својот прв настап во сениорскиот тим на „црвено-црните“ го имаше во пролетниот дел од сезоната 2017/2018. Од тогаш е дел од првата екипа на Вардарци, и игра на позицијата последен играч за врска.

Да додадеме уште дека интерес за бразилскиот лев бек на Вардар, Жуниор, покажал белградски Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот