Македонскиот борач Нуров во Топ 4 фаворити за олимписки медал во Токио

Фото: facebook.com/maga.ibragimov.564

Магомедгаджи Ниров ќе го претставува македонското борење на Летните олимписки игри во Токио каде што ќе се обиде да се закити со еден од медалите.

Нашиот борач ќе настапи во категоријата слободен стил – 97 килограми, а според рејтинговите турнири е сместен во Топ 4 фаворити за освојување на медал.

Во Владивосток ја одработува последната фаза од подготовките, а според најавите на 1 август заедно со руската репрезентација во борење ќе патува за главниот град на Јапонија по што ќе биде сместен во олимпиското село.

Борбите во неговата категорија се предвидени на олимписката програма за 6/7 август кога ќе настапи македонскиот борач.

Нуров е четврти фаворит да дојде до оидиумот, а веднаш пред него се Абдулрашид Садулаев (Русија) како најголем фаворит за златото, следуваат Клад Фредерик Снајдер (САД) и Алишер Јергали (Казахстан).

Потсетување дека токму борењето ни го донесе првиот и досега единствен медал од Летните олимписки игри, во 2000 година во Сиднеј кога Могамед Ибрагимов освои бронза во категоријата до 85 кг.

Георгиевски оди по медал во Токио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот