Македонскиот бисер пресреќен: Прво дерби и веднаш гол

Фудбалерот на Фенербахче и македонски репрезентативец Елиф Елмас е вистински хит во Турција откако со голот во 71. минута му донесе бод на својот тим.

Во најголемото дерби во турскиот фудбал, Фенербахче и Галатасарај ремизираа играјќи 1:1, а токму 19-годишниот македонски репрезентативец беше еден од најдобрите на теренот.

– Пресреќен сум… Пресреќен сум што го играв дербито, пресреќен што бев дел од ваков спектакл, од ваква возбуда каква што носи ова дерби. Пресреќен што го играв за првпат. Пресреќен сум што дадов гол. Јас сум среќен за оваа серија, се надевам дека така ќе продолжи – рече Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот