„Македонски железници“ втор ден со линија помалку: Возот на релација Скопје-Кочани-Скопје излета од шини кај Овче поле, пругата и денеска празна

Фото: mia.mk

Втор ден не сообраќа патничкиот воз Кочани – Велес – Скопје и обратно како последица на излетувањето од шините вчера попладне околу 17:20 минути пред Овче Поле. Возот попладнето сообраќал од Скопје преку Велес кон Штип и Кочани, но од засега непознати причини пред Овче Поле излетал од шините единствениот вагон, изјавија за МИА од раководниот тим на Железничката станица во Велес.

Тие информираат дека во возот имало само двајца патници, машиновозачот и кондуктерот кои не се повредени.

Како што велат, денеска се вршел увид на местото на настанот од страна на стручни лица на  ЈП Македонски Железници – Инфраструктура.

Поради несреќата возот кој сообраќа двапати дневно, наутро и напладне, и денеска не возеше на релацијата Кочани – Велес – Скопје и обратно, а ниту попладнево.

Од Железничката станица во Велес информираат дека овој воз нема да сообраќа ниту утре сабајле од Кочани за Скопје. Оттаму најавуваат дека возот Скопје – Кочани  најверојатно ќе биде пуштен утре попладне во 15,20 минути од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот