Македонски судии на „македонската“ пресметка во Лигата на шампионите

фото: EPA/EFE

Најдобрите македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија честа да ја делат правдата на „македонската“ пресетка во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Начевски и Николов се избрани да ја делат правдата на натпреварот меѓу Нант и Веспрем кој ќе се игра на 13. мај во Франција.
За екипата на Нант настапува селекторот и капитен на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, додека член на Веспрем е Дејан Манасков.

Реваншот ќе се игра недела подоцна, а во останатите четвртфиналиња ќе играат Кил – ПСЖ, Мешков Брест – Барселона и Алборг – Фленсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот