Македонски селектор ќе води тим во Катар!

Фото: РФМ

Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ започнува интернационална тренерска кариера.

Поранешниот репрезентативец на Македонија во иднина ќе работи во тимот на Катар Спорт Клуб од Доха. За Стојановиќ ова е враќање во клубот каде што во 2012 година настапуваше какко играч, од друга страна ќе биде прв интернационален предизвик во тренерската кариера.

Станува збор за клуб кој има амбиции да биде помеѓу првите три во домашното првенство. Минатата завршиле на шестата позиција од 12 екипи.

Во македонското првенство Стојановиќ ги водеше тимовите на ГРК Охрид и Металург 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот