Македонски кандидати за Наградата за литература на ЕУ

Националното жири во состав: Елизабета Баковска (претседател), Ѓоко Здравески, Владимир Јанковски и Александар Саздов (членови), ја состави потесната листа на македонски кандидати за Наградата за литература на Европската Унија. Во конкуренција се авторите Давор Стојановски со „Утеха за голите“ (Или-Или), Ѓорѓи Крстевски со „Другата страна“ (Бегемот), Михајло Свидерски со „Последните денови на Ханс“ (Или-Или) и Петар Андоновски со „Страв од варвари“ (Или-или).

Наградата е наменета за автори што се сè уште на почетокот на кариерата во својата земја и тукушто ја почнуваат својата меѓународна кариера. Победникот од насловите што влегле во потесна конкуренција ќе биде објавен на 20 мај 2020 година.

Наградата за литература на Европската Унија e востановена во 2008 година и се доделува во 41 земја, кои се дел од програмата „Креативна Европа“. Досегашни македонски добитници на наградата се: Гоце Смилевски (2010), Лидија Димковска (2013) и Ненад Јолдески (2016).

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 28, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25-26 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот