15 C
Скопје

Македонски и математика – по пет часа неделно

Министерството за образование и наука ја усвои наставната програма за првоодделенците што ќе почне да се применува од септември годинава според предвидените реформи, за што е предвидена и обука на наставниците. Наставните програми по секој предмет поединечно веќе се објавени на сајтот на МОН, а покрај наставниците и родителите можат да имаат увид во тоа што ќе учат нивните деца од септември.

Претстојната генерација првоодделенци,  всушност, е дел од генерацијата која ќе учи согласно новата концепција.

– Новите наставни програми се интересни, ќе видиме како ќе изгледа тоа во практика – за „Слободен печат“ вели Кирив Велевски, родител на дете кое од септември ќе биде прваче.

Според Велевски, најзначаен дел од новиот концепт е тоа што учениците уште од најмала возраст ќе имаат повеќе практиката отколку теорија и учење напамет.

– Ги видовме сите теми што ќе се обработуваат на часовите, а најмногу ми се допаѓа тоа што по македонски јазик конечно учениците ќе имаат практична работа уште од прво одделение – додава Велевски.

Она што може да се види според темите е дека предметите македонски и математика ќе се изучуваат по пет часа во неделата, а по македонски јазик темите се поделени во четири точки, и тоа – слушање и зборување, потоа почетно читање и пишување, литература, изразување и творење и уште медиумска писменост и медиумска култура.

По математика ќе се изучува геометрија, броеви и броење, операции со броеви, мерење и работа со податоци. По предметот природа ќе се изучува човекот и човечкото тело, живи суштества. На општество ќе се изучуваат темите од типот „јас сум дете, јас сум ученик, мојот дом и моето семејство, по еден час неделно. Учениците ќе имаат уште и по два часа неделно англиски, еден час ликовно и физичко – три часа неделно.

Главната идеја е наставникот при предавањата да користи разни предмети, како и фотографии, по што на еден практичен начин ќе им објасни различни поими на учениците, по што всушност и ќе се разликува работата на предавачот во однос на претходните години.

„Суштински значајно е што наставните програми ќе обезбедат поголема видливост на интеграцијата, односно ќе овозможат реализација на сродни теми од различни наставни предмети во текот на исто одделение, со цел да се синтетизираат различни перспективи за предметот секаде каде што е можно, преку одредени можни содржини и активности за нивна реализација“, велат од МОН.

Согласно планот, новиот концепт треба да се примени во прво, а и во четврто одделение, но за овие ученици уште не се донесени наставните програми. Од МОН велат дека работните групи во Бирото за развој на образованието продолжуваат со креирање на наставните програми и за другите одделенија на основното образование.

Поврзани вести

Нова скандалозна порно-група со слики и видеа: На Телеграм се појави „Перверзии на Балканот“

Слободен печат

Лајчак: Несомнено за Косово, успех во дијалогот значи да се стане земја кандидат за ЕУ

Слободен печат

Германија, Шпанија и Франција заедно ќе развијат нов борбен авион

Слободен печат

Регионален ковид-19 пресек: Мал пад на бројот на нови инфекции

Слободен печат

Бугарски брачен пар заврши зад решетки во Германија: Продавале новороденчиња во Грција

Слободен печат

Маск: Старлник услугата ја нарачаа половина милион луѓе

Слободен печат

Остави Коментар