Mакедонски државјанин регрутирал борци за Исламска држава

Швајцарското Јавно обвинителство покрена обвиненија против две лица, од кои едниот државјанин на Швајцарија и Северна Македонија, под сомнеж за регрутирање борци во редовите на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Јавното обвинителство на Швајцарија соопшти дека двајцата осомничени се товарат за „поддршка и членство” во ИД, вклучително и за ширење на пропаганда на џихадистичката група. Осомничените, чии имиња не се соопштени во интерес на истрагата, живееле во северозападниот дел на Швајцарија.

Државјанинот на Швајцарија и Северна Македонија бил приведен кога се обидел да отпатува за Сирија, преку територијата на земјава. Тој е осомничен дека регрутирал еден борец на ИД.

Другиот осомничен, со двојно, швајцарско и италијанско, државјанство, се товари дека престојувал на териториите под контрола на ИД во Сирија, по што се вратил во Швајцарија, каде регрутирал неколку лица да се борат во редовите на џихадистичката група.

Прочитајте и...  Воз удри во пешак кај Визбегово

Истрагата против државјанинот на Швајцарија и Италија започнала во февруари 2015 година, по што подоцна таа е проширена и на вториот осомничен.

Прочитај повеќе

Охриѓанец наместо да седи во изолација предизвикал тепачка

Слободен печат

Скопјанец утрово со секира ја нападнал сопругата, па бил пронајден мртов во нива!

Слободен печат

Повреден полицаец од Куманово кој се обидел да уапси штипјанец

Слободен печат

Воз удри во пешак кај Визбегово

Загина возач од Стојаково

Странец паднал од зграда во изградба

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тракторист загина утрово во тешка сообраќајка кај Југокомерц во Кавадарци

Слободен печат

Нападнат возач на ЈСП, уапсено младо момче

Слободен печат

Велешанец „заработи“ кривична, продавал хероин

Слободен печат

Тешка сообраќајка во Кавадарци, загина 28 годишно лице

Слободен печат

Најден удавен маж на брегот на Вардар кај поранешен велешки ХИВ

Слободен печат

Маж и дете се повредени во сообраќајка во Скопје

Горан Наумовски