Македонски државјанин фатен при обид да влезе во Косово со фалсификуван сертификат за вакцинација

ПЦР тест / Фото: Архива

Државјанин на Македонија се обидел вчера да влезе во Косово преку граничниот премин БлацеГенерал Јанковиќ со фалсификуван сертификат за примени анти-ковид вакцини, јави дописникот на МИА од Приштина.

Откако бил откриен од полицијата, македонскиот државјанин признал дека на незаконит начин ја набавил потврдата за вакцинација. На лицето му е одбиен влезот во Косово, а предметот против него е пуштен во редовна процедура.

– Осомниченото лице – маж, Албанец, државјанин на Република Северна Македонија – на граничниот премин приложи сертификат за вакцинација против Ковид-19, кој резултира дека е фалсификуван. При распитот осомничениот потврди дека сертификатот го набавил на незаконит начин. По налог на надлежен обвинител предметот е пратен во редовна процедура, а на лицето му е одбиен влезот во Косово, се вели во 24-часовниот извештај на косовската полиција. 

ВИДЕО | Акција на МВР во Битола: Пронајдена дрога, лица без сертификати, четири објекти запечатени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот