Македонски државјани вакцинирани со „Модерна“ и „Џонсон“ во САД, не можат да примат трета доза во Македонија?!

Вакцина „Модерна“ / Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Македонски граѓани вакцинирани во САД не можат да примат трета доза во земјава зашто вакцините на „Модерна“ и „Џонсон“ какви што први дози ги примиле, во земјава не се регистрирани.

Во четвртокот имаше најава дека кој сака да прими трета доза ако работи во здравството или има над 60 години, или ако претходнните две дози да му се внесени во националниот систем „Мој термин“ а имаат соодветна документација за примена вакцина од странство, дека третата доза можат да ја примат на кој било пункт.

-Бев на пункт и бев одбиен со образложение дека вакцините на „Модерна“ и „Џонсон“ уште не се регистрирани во нашата земја и не знаат кога тоа ќе се случи, се жали читател на „Слободен печат“.

Поради тоа не можеме да бидеме внесени во системот никако и да примиме трета доза, велат читателите.

-Наши државјани вакцинирани во САД пролетта, вратени во земјава не можат да примат трета доза овде. Има соодветна документација за тоа. Мајка ми има над 60 години, има можност да прими трета доза меѓутоа не може да се регистрира во нашиот македонски систем зашто претходните две и се на „Модерна“, посочува читателот.

Од МЗ му одговориле дека не можат да го регистрираат во националниот систем бидејќи вакцината што ја примил сѐ уште не се користи во нашата држава и штом има нови информации Министерството ќе ги извести пунктовите и граѓаните.

-Знам повеќе луѓе вакцинирани во САД пролетва со Модерна бидејќи таа вакцина беше најзастапена и сега се соочуваме со проблеми при влегување во трговски центри и ресторани. Им покажуваме картонче кое го даваат во САД. Тоа им станува сомнително, па прашуваат па што е ова, како е ова и се соочуваме со проблеми од тој вид, вели граѓанин.

Граѓаните се целосно регистрирани и немаат проблеми надвор од земјава, при патување на аеродроми бидејќи картончињата за вакцинација им се издадени од Американскиот центар за контрола и превенција на болести, со датум и шифра на вакцина, меѓутоа тие картончиња немаат кодови на федерално ниво.

-Тоа не можеме никако да го регистрираме тука, а можеме да докажеме дека сме вакцинирани со соодветна американска признаена доза, вели читателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот