Македонски државјани правеле `ршум по плажите на Црна Гора

Двајца Македонци паднаа во рацете на полицијата по серија извршени кражби на плажите во Будва. Станува збор за 58-годишниот Шаип Река и 52-годишниот Тони Тасев кои изминатите две недели извршиле шест кражби на плажите во Будва така што краделе торби од присутните на плажата, па потоа ги оставале под чадорите додека се бањале во море, објави Вијести.

Според написот на весникот, тие со автомобилот секој ден доаѓале на плажа, обично ги бирале најпосетените. Користејќи го метежот, незабележано краделе. За жал и мало невнимание на туристите било доволно да останат без своите предмети. Краделе торби со лични работи, паричници, пари, накит, картички за банка, па дури и гардероба.

– Полицијата за да ги спречи кражбите, назначи одреден број инспектори што секојдневно се во цивил и ја контролираат плажата. Токму во таков случај се уапсени државјаните на Македонија. Ги следел до автомобилот што го паркирале недалеку од плажата, каде им се ставени лисици на рацете и приведени – велат од тамошната полиција за Вијести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот