Македонски деликатеси на хрватското приморје: Ресторанот „Nautica“ ги воодушеви Риечани

Фото: LaVie Photo Studio

Уживање во морското крајбрежје, целодневниот есенски дожд и… нешто малку поинакво. Вчеравечер жителите на Риека беа дел од посебен настан – вечер за искусување македонски специјалитети, во режија на Мими Делов, Македонка чија адреса сега се води под кодот на Риека.

Во ресторанот „Nautica“ се одржа вечер на македонски деликатеси, а сите присутни можеа да уживаат во дури 12 традиционални јадења, кои беа послужени со одлични македонски вина и ракии.

мк вечер риека
Фото: LaVie Photo Studio

Вечерта ја збогатија членовите на Македонското културно друштво „Илинден“ од Риека, кои беа облечени во традиционални македонски носии, и ги пречекуваа гостите на влезот со мастика и жолта ракоја, како пијалок за добредојде.

мк вечер риека
Фото: LaVie Photo Studio

Штом ќе се придружеа на одличната атмосфера, гостите имаа можност да се нагостат со вкусна македонска пита, проја, таратур, макало, пинџур, пиперки и тиквици, а потоа и да се насладат на неодоливите сарми и тавче гравче. За десерт вечерта слатко се заокружи со тулумби и неизбежната баклава.

мк вечер риека
Фото: LaVie Photo Studio
мк вечер риека
Фото: LaVie Photo Studio

Покрај одличната понуда на храна и пијалоци, атмосферата дополнително ја оплеменуваше традиционална музика со бенд придружуван од македонски трубачи.

мк вечер риека
Фото: LaVie Photo Studio
мк вечер риека
Фото: LaVie Photo Studio

Менаџерот на ресторанот „Nautica“, Данко Боровина, не го криеше воодушевувањето од одличниот одзив на гостите.

„Иако сме познати по нашето рибно мени, решивме да излеземе од рамките на нашата морска кујна. Во соработка со нашиот долгогодишен пријател Миме Делов, ги угостивме љубителите на македонската гастрономија за да уживаат во нејзините деликатеси. Со оглед на големиот интерес, верувам дека овој настан наскоро ќе се повтори“, изјави Данко Боровина

мк вечер риека
Фото: LaVie Photo Studio

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот