Македонски Бугари и здруженија поднеле 13 претставки до Комисијата за заштита од дискриминација, главно за навреди на социјалните мрежи

Комисија за заштита од дискриминација / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има добиено тринаесет претставки од страна на бугарски здруженија и граѓани кои се Бугари. Игор Јадровски од Комисијата вели дека тие најчесто се однесуваат на говор на омраза по социјалните мрежи, а имале и една претставка за дискриминација на работа и работни односи.

-Заклучно со јуни, мислам дека имаме 13 претставки добиено, коишто се однесуваат на дискриминација на основа на етничка припадност врз лица од бугарска етничка припадност. Морам да кажам дека во два случаи имаат утврдено вознемирување, во еден немаме, осум претставки се во тек и имаме претставки, коишто се отфрлени заради неуредност. Законот кажува кои се основните работи, коишто треба да ги содржи една претставка за да може Комисијата да постапува и ако не ги содржи тие елементи Комисијата ја враќа на доуредување и ако подносителот не ја доуреди ние ја отфрламе, вели Јадровски.

Тој додава дека овие претставки ги третираат како и сите останати, кои пристигнуваат до Комисијата, а најголемиот дел од претставките генерално се од областа на работни односи, потоа за пристап до добра и услуги, како и пристап до здравствени и социјални услуги.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска се претстави пред граѓаните на Штип. На Градскиот плоштад „Слобода” беа презентирани активностите, но и како граѓаните да достават претставки до Комисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот