Македонски балетски ансамбл гостуваше во Пловдив со претставата „Госпоѓиците од Авињон”

Во Домот на културата „Борис Христов” во бугарскиот град Пловдив, вечерва гостуваше Националната опера и балет на Република Северна Македонија со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.
На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а во балетска изведба на првенки и првенци на Македонскиот Балет. Пловдивската публика ги поздрави нашите уметници со долготраен аплауз. Гостувањето е поддржано со финансиски средства на Министерството за култура на Република Бугарија.

Претставата ја следеше и Агнеза Руси Поповска, македонската амбасадорка во Бугарија, која притоа оствари кус и срдечен разговор со раководителите на двете водечки културни установи.