Македонската женска одбојка се враќа на европската сцена

Македонската женска одбојкарска сениорска репрезентација во следниот период ќе настапува во Европската сребрена лига.
Селекторот Стефан Пауновиќ го одработи планираното, а фактот што нашата земја ќе биде домаќин на првите три средби е олеснителна околност пред трите гостувања едноподруго.
– Не само резултатот, туку и впечатокот што ќе го остават нашите најдобри одбојкарки, ќе бидат првите показатели за тоа колку време ќе ни треба за да помислиме на поставување повисоки цели – информираат од федерацијата.
Својот прв меч Македонија во групата „А“ ќе го има на 27 мај против селекцијата на Австрија.
ЕВРОПСКА СРЕБРЕНА ЛИГА
ГРУПА „А“
МАКЕДОНИЈА – Австрија (27 мај)
МАКЕДОНИЈА – Летонија (31 мај)
МАКЕДОНИЈА – Еетонија (3 јуни)
Естонија – МАКЕДОНИЈА (10 јуни)
Летонија – МАКЕДОНИЈА (14 јуни)
Австрија – МАКЕДОНИЈА (17 јуни)