Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја освои титулата на фјучрсот во Србија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Денеска на фјучрс турнирот кој се одржа во Куршумлијска бања, Србија, Лина Ѓорческа триумфираше во сингл конкуренцијата. За Ѓорческа ова е прва титула во 2023 година, а вкупно 13-та во сингл во нејзината кариера.

Најдобрата македонска тенисерка во финалето со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:3 ја совлада Антониа Ружиќ од Хрватска.

На овој турнир Ѓорческа беше петта носителка, во првото коло беше слободна, а во 1/16 финалето со 6:7 (5), 6:4 и 7:6 (3) ја елиминираше Река-Луца Јани од Унгарија.

Потоа, во осминфиналето со 3:6, 6:2 и 6:3 славеше победа над Миа Ристиќ од Србија, во четвртфиналната фаза со 7:5 и 7:6 (3) оствари триумф против Французинката Лоа Боасон.

А на претпоследната пречка, во полуфиналето Македонката убедливо со 6:1 и 6:3 ја надигра Доминика Салкова од Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот