Македонската таеквондистка Мила Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа

фото: Taekwondo klub „Tigri“ - Skopje

Мила Рељиќ, македонската олимпијка во таеквондо е рангирана на седмото место на Олимписката ранг листа.

Како што известува нејзиниот тренер Александар Ефтимов, веќе се собираат поени за обезбедување на Олимписка А норма за учество на следните Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година, односно првите пет натпреварувачки имаат директна норма за настап.

Според најавите, Рељиќ ќе го почне настапот на Г1 турнирите за две до три недели, а во декември ќе настапи на Големото Гранд При Финале во Кина, што е најголемо натпреварување после Олимписките игри. А тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа.

Рељиќ е една од најголемите кандидатки од македонските спортисти за обезбедување А норма за игрите во Лос Анџелес, САД.

Македонската таеквондистка учествуваше на Олимписките игри во Париз каде што успеа да ја совлада двократната олимписка шампионка, Џејд Џонс од Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот