Македонската репрезентација пристигна во Варшава (ФОТО)

фото/фејсбук/ффм

Трите бода против Словенците во Скопје значат останување во трката за една од првите две позиции на табелата во групата „Г“ кои водат директно на континенталниот собир 2020 година.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски слетаа во Варшава каде што ќе го играат осмиот натпревар од квалификациите за ЕП против Полска в недела од 20.45 часот. Мечот на Националниот стадион во Варшава ќе го суди Шпанецот Антонио Матеи Лахоз.


На аеродромот беа пречекани од фанови кои чекаа да се сликаа со нашите фудбалери и по некој автограм.

Помеѓу нив најзаслужниот за триумфот против Словенија, играчот на Наполи, Елиф Елмас, потоа фудбалерот на Лидс јунајтед, Езгјан Алиоски, како и капитенот Горан Пандев.

На табелата води Полска со 16 бодови, Австрија има 13, по 11 Македонија и Словенија, Израел осум, и сите овиет пет селекции на три кола до крајот ќе водат битка за пласман на еврошампионатот. Елиминирана и без никакви шанси е селекцијата на Летонија која нема ниту еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот