Македонската ракометна репрезентација двапати ќе тестира со Србија

македонска ракометна репрезентација
Македонија ќе го брка своето осмо учество на Европските првенства/ фото: EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

Селекцијата предводена од Кирил Лазаров неодамна обезбеди настап на следното Европското првенство кое ќе се одржи на почетокот од 2022 година.

Македонската сениорска репрезентација следниот месец ќе има два пријателски натпревари против Србија како подготовка и можност за Лазаров да им даде шанси и на помладите да се докажуваат.

Овие дуели се закажани на 19 и 20 јуни и истите ќе се одиграат на теренот на противникот во Ниш.

Денеска српскиот селектор Тони Џерона го објави списокот на играчи, а наскоро тоа треба да го направи и Лазаров.

Потсетување дека на ЕП Македонија е во групата „А“ со Словенија, Данска и Црна Гора, а Србите во групата „Ц“ со Хрватска, Франција и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот