Македонската пресметка без победник, Пандев стрелаше за реми на Џенова

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Македонските репрезентативци Горан Пандев и Илија Несторовски играа еден против други во 30. коло од Серија А, а нивната пресметка заврши без победни. Удинезе и Џенова одиграа 2:2, а далеку Пандев беше стрелец за својата Џенова која во второто полувреме успеа да се спаси од пораз бидејќи губеше со 2:0. Удинезе поведе преку Фофана и Ласања со 2:0, но Џенова успеа да дојде до бод благодарение на головите на Пандев во 81. минута и на Пинамонти во 97. минута.

Несторовски беше дел од првиот тим на Удинезе но беше заменет во 58. минута, додека една минута подоцна Пандев влезе во игра.
Екипата на Аталанта со минималниот триумф од 0-1 на гостувањето кај Каљари и си го обезбеди четвртото место и во наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, додека Интер со поразот од Болоња од 1:2 се збогува со шансите за титулата.

Резултати:
Интер – Болоња 1:2
Бреша – Верона 1:0
Каљари – Аталанта 0:1
Парма – Фиорентина 1:2
Сампдорија – СПАЛ 3:0
Удинезе – Џенова 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот