Македонската естрада е побогата за уште една млада пејачка: Слушнете како пее Лара Иванова! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Овој викенд под ведро небо се одржа 35. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, каде свое учество зеде младата пејачка Лара Иванова со темата „За нас“.

Изведбата на песната беше поздравена со огромни овации, по што наградата за најдобар аранжман и токму за оваа композиција припадна во рацете на продуценот Иле Спасев.

За текстот на прекрасната балада се погрижи Робин Зимбаков.

Додека траеше самата манифестација, видео записот за „За нас“ доживеа своја премиера уште истата вечер, каде магијата на приказната ја заокружи режисерот Огнен Шапковски.

Инаку, ова е нејзино второ појавување на сцената на „Макфест“, по минатогодишното учество каде се претстави со композицијата „Кој те учи така“. Музиката и аранжманот повторно беа дело на Иле Спасев, додека за текстот се погрижи Филип Цветков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот