Македонската армија со партнерите од НАТО денес на теренска вежба на Криволак

ФОТО - Македонска армија - EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На армискиот полигон „Криволак“, денеска ќе се реализира Ден за високи гости на вежбата „Севен старс 2022“ во организација на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), каде ќе биде прикажана теренска вежба на која ќе се демонстрираат активности на тактичко ниво од страна на единица од составот на Армијата на Република Северна Македонија, како земја домаќин.

Како што најавија од АРМ, на денот за високи гости ќе присуствуваат заменикот на министерката за одбрана, Башким Хасани, претседавачот на иницијативата СЕДМ, военото раководство од Генералштабот и генерали на Армијата на Република Северна Македонија, претставници на Министерствата за одбрана и Вооружените сили на земјите членки на СЕЕБРИГ, воени аташеи и други гости.

Командата на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), која е стационирана во Македонија е организатор на вежбата „Севен старс 2022“ која се изведува во Центарот за симулација во составот на Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, во касарната „Боро Менков“ во Куманово и армискиот полигон „Криволак“.

„На вежбата учествуваат повеќе од 200 цивилни и воени припадници на земјите членки на СЕЕБРИГ, кои преку компјутерски симулирани вежби и вежби на карта користејќи ги НАТО процедурите при командување и контрола ја подобруваат меѓусебната интероперабилност при учество во операции за поддршка на мирот, хуманитарни асистенции и операции за одговор при катастрофи“, наведоа од АРМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот