Македонската амбасадата во Вашингтон го одбележа 13 Ноември

Во организација на Форумот за демократска Македонија, глобална организација на иселеници, вчера во македонската амбасада во Вашингтон, САД, со предавање и прием беше одбележана 75-годишнината од ослободувањето на Скопје.

Промовирана беше веб-архивата „Споменик”, посветена на спомениците од народноослободителната борба во поранешна Југославија.

По разговорот на авторот на овој проект, Доналд Ниебил и претставничката на Форумот за демократска Македонија, Анета Георгиевска-Шајн, беше презентирана книгата „Spomenik Monument Database”, базирана на архивата, а објавена минатата година. Книгата која доби високи оценки од реномирани критичари од областа на историјата на архитектурата.

На настанот и приемот присуствуваа гости од американската влада, како и претставници на академските кругови, меѓународни и невладини организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот