Македонска снаа нова претседателка на Парламентот на Албанија

Линдита Никола / Фото: EPA/JULIEN WARNAND

Вчера започна со работа новиот пратенички состав на албанскиот законодавен дом а во  вториот дел од седницата, што се одржа доцна попладне, беа верификувани мандатите на 140-те пратеници.

Седницата продолжи со изборот на претседател. Предлогот Линдита Никола да биде претседателка на Парламентот го дадоа 16 пратенички од социјалистичката партија и лидерот Еди Рама. На тајното гласање учествуваа 137 пратеници. За Никола гласаа 79 пратеници додека четворица беа против.

-Ја прифаќам функцијата со голема одговорност и ќе го направам најдобро што можам, создавајќи простор прво за опозицијата да ги искажат своите мислења, но почитувајќи сè што овој храм заслужува според деловникот. Денеска она што можам да го кажам е фактот дека со цело знаење и срце со голема одговорност ќе се потрудам да ги исполнам очекувањата што ги имате при овој избор. Бог да ја благослови Албанија и Албанците, рече меѓу другото Никола.

Опозициските пратеници со негодување ја напуштија седницата кога Никола го почна обраќањето, откако најпрво почнаа со удирање на собранските клупи да го спречат нејзиното обраќање а потоа ги искинаа гласачките ливчиња.
Инаку Линдита Никола (56) е родена во Тирана. Таа во 1989 година дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Тирана, отсек математика, каде 2010 година магистрирала јавна администрација, насока Централна власт. Се усовршувала на повеќе унверзитети, во и надвор од земјата. Во 2003 година била избрана за пратеник, а а во еден период раководеше со Министерството за образование.
Линдита е сопруга на за Проф. д-р Лигор Никола, актуелен декан на факултетот за математичко инженерство и физика во Тирана, со кого имаат една ќерка. Лигор е Македонец, родум од село Врница, област Голо Брдо. Како македонска снаа одлично зборува македонски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот