Македонска сликовница: „Џиновска продавница за фантазии“ е објавена во Шпанија

Една од најпознатите шпански издавачки куќи „Трамунтана“ ја издаде сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“, чиј автор е Бистра Георгиева, а илустрациите се на шпанската илустраторка Моника Каретеро.

Сликовницата е издадена на шпански и на каталонски јазик и веќе може да се најде во книжарниците низ цела Шпанија, по што ќе следува и нејзино издавање на територија на Латинска Америка. „Џиновска продавница за фантазии“ беше објавена лани во издание на „Либи“, дел од „Арс ламина публикации“.

Инаку, ова е втора соработка на Бистра Георгиева со илустраторката Моника Каретеро, која е автор на повеќе од 70 книги издадени во Шпанија, Англија, Австралија и во САД. Георгиева е дипломиран социолог, магистер по комуникации и има завршено филмски колеџ во Данска.

Својата професионална кариера ја почна како волонтер во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, потоа работеше на неколку филмски проекти. Шест години беше дел од невладината организација „ОХО“, со ангажман на проектот „Пет плус“. Има напишано и сценарио за цртаниот филм „Едно поинакво пријателство“. Три години беше уредник во „Фчерашни новости“. Во моментов работи како раководител на канцеларијата Креативна Европа МЕДИА Деск МК.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 42, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот