Македонска пресметка во ЕХФ Купот, Лазаров против Кузмановски

фото:твитер

Денеска со ждрепка беа извлечени групите за новата натпреварувачка сезона во ЕХФ купот каде што ќе играат и тројца македонски репрезентативци.

Магдебург од Германија на Филип Кузмановски ќе игра во групата „Ц“, а еден од противниците ќе му биде францускиот Нант во чии редови настапува неговиот репрезентативен колега Кирил Лазаров.

Во групата „Ц“ се наоѓаат уште словенечкиот Горење Велење кој во последното трето квалификациско коло го елиминираше скопски Металург, и Адемар Леон од Шпанија.

Нашиот голман Борко Ристовски кој беше еден од најзаслужните што неговата Бенфика се пласираше во групната фаза ќе игра во групата „А“ со Бјерингбро-Силкеборг, Гвардиа Ополе и Мелсунген.

Првите натпревари се на 8/9 февруари, а групната фаза ќе заврши на 28/29 март 2020 година.

ЕХФ Куп (сезона 2019/20)

Група „А“

Мелсунген (Германија)
Бјерингбро-Силкеборг (Данска)
Гвардиа Ополе (Полска)
Бенфика (Португалија)

Група „Б“

Рајн Некар Левен (Германија)
Куенка (Шпанија)
Ним (Франција)
Холстебро (Данска)

Група „Ц“

Магдебург (Германија)
Нант (Франција)
Горење Велење (Словенија)
Адемар Леон (Шпанија)

Група „Д“

ПАУЦ Хандбал (Франција)
Татабања (Унгарија)
Фуксе Берлин (Германија)
Логроњо Ла Риоха (Шпанија)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот