Македонска пресметка во АБА2 лигата, Пелистер на мегдан против МЗТ Скопје

Пелистер е дебитант во АБА2 лигата/ фото: druga.aba-liga.com

Екипите на МЗТ Скопје и на Пелистер ќе играат меѓу себе во последниот натпревар од третото коло од АБА2 лигата (15 часот).

И двата македонски тима во првите две кола имаат идентичен скор по првите две кола, по една победа и пораз.  Пелистер на стартот загуби од Ловќен (85:105), а потоа славеше над Сутјеска (93:73), додека МЗТ Скопје беше поуспешен од Младост (97:90), а загуби од рогашка (80:64).

Пелистер и МЗТ Скопје сезонава играа меѓу себе и тоа во рамки на првото коло во прваа Лига кога битолчани славеа со 82:79.

– Веќе одигравме еден натпревар против МЗТ Скопје сезонава и славевме, но овој дуел е сосема поинаков. АБА2 лигата е ново натпреварување за нас каде се игра во поинаков ритам од тој во домашното првенство, и иако сме дебитанти, ние сме подготвени за натпреварот – вели тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот