Македонката Викторија ги има „сите карти“ да биде нова Адријана Лима

Викторија Давиткова има само 12 години и сонува да биде модел. И не се тоа само детски соништа, бидејќи, навистина, Викторија ги има сите предиспозиции, вклучувајќи ја и висината, за да биде успешен модел. Со своето ангелско лице, полни усни, прекрасни, светли очи, ова преубаво девојченце ќе ве освои „од прва“.

Својата прва фотосесија ја направи кај модниот фотограф Аверел, кој е познат и по препознавање на таленти и промовирање на македонски убавици во светот.

Со поглед на тоа што Викторија, со поддршка од нејзината мајка, веќе преговара со модните агенции, очекувајте наскоро да ја гледаме на модните писти и во рекламните кампањи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот