Македонка загина во сообраќајна несреќа во Будва

Црногорска полиција/ Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Седумдесет и тригодишната О.П., македонска државјанка, загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случи во црногорскиот град Будва.

Несреќата се случила на Јадранскиот пат, а жртвата бил пешак, информираат од Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) на Полициската управа.

Во неа удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на Комуналната полиција, на стотина метри од главните семафори.

Како што соопштија од полицијата, сообраќајката се случила околу 45 минути по полноќ кога во неа удрил автомобил управуван од М.М.(28) од Тиват.

Сообраќајот бил во прекин и пренасочен кон околните сообраќајници.

По наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва. Телото на жртвата е испратено на обдукција, додека возачот е уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот