Македонка го живее американскиот сон: Од бебиситерка до кандидат за престижната ЕМИ награда

Скопјанката Александра Кочоска Дековиќ е продуцент за визуелни ефекти во ЦБС, работи на серијата Стар трек дискавери која е една од петте серии што годинава е номинирана за престижната награда ЕМИ, токму во категоријата визуелни ефекти.

„Пресреќна сум за номинацијата. Се надеваме на победа, но конкуренцијата е многу силна. Лани не успаевме да влеземе во потесната конкуренција и сега навистина се радувам што нашата работа беше земена во предвид. Има над 100 серии кои аплицираат за оваа работа така што со само тоа што влеговме во финалните пет е голем успех и многу сум среќна“, вели Александра Кочоска Дековиќ за Сител.

Американската приказна на Александра започнува пред 10 години кога со својата диплома – филолог по англиски јазик заминува како бејбиситер во Њујорк. Холивуд не е во нејзиното сценарио во тој момент. После една година оди на посета кај пријателка во Лос Анџелес и животот добива нов тек. Го запознава својот сопруг Анте Дековиќ кој работи како супервизор на визуелни ефекти и и ја пренесува својата страст кон оваа индустрија. Се запишува на Универзитетот во Лос Анџелес и добива уште две дипломи, за бизнис менаџмент во забавната индустрија и за развој.

„Добра работа на овој Универзитет е тоа што мораш да имаш пракса додека учиш. Тогаш прв пат работев как асистент и тоа на филмот Падот на Белета куќа и оттука почнува мојот пат во оваа оваа индустрија во делот на визуелните ефекти“, вели Кочоска.

Александра е првата Македонка номинирана за ЕМИ наградата. Првиот Македонец пак беше Кристијан Даниловски од ФХ3Х во 2007 година, компанија која подоцна работеше на филм кој доби ОСКАР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот