„Македоника литера“ почна нова серија романи со кинеска литература за деца

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ неодамна публикуваше два романа од новата серија со наслов „Најдобрата кинеска фантастична литература за деца“.

Станува збор за романите „Детето на ветрот“ од Ванг Ѓунсин и „Децата во мобилниот телефон“ од Џоу Син. Преводот од англиски јазик е на Бојана Богдановска и Дијана Крстевска. Двата романа се наградени со највисоката награда за најдобар фантастичен роман за деца „Бел кит“ во Кина.

Тоа се и првите наслови од новата серија во копродукција со издавачот „Делфин книги“ од Пекинг, Народна Република Кина, со која „Македоника литера“ досега ги реализираше сериите „Најдобрата кинеска литература за деца“ со 18 книги, „Кинески народни приказни“ во пет и новелите и расказите на Шен Шиси во пет книги.

Романот „Детето на ветрот“ гради бајковит свет на убавина, добрина и чистота, додека „Децата во мобилниот телефон“ опфаќа современа тема и проблеми предизвикани од технолошкиот развој што се случиле во најново време.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 164, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 28-29 јануари 2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот