„Македоника литера“ ја објави биографската книга „Леонардо да Винчи и неговото време“ од Атле Нес

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ ја објави биографската книга „Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес. Во биографијата за Леонардо да Винчи, Атле Нес раскажува инспиративно, возбудливо и документирано за безграничната фантазија и генијалниот талент на Леонардо, за неговите ремек-дела, за скиците и цртежите, за кодираните белешки, за познати и малку познати нешта поврзани со неговото творештво и со неговата личност. Нес на импресивен начин го опишува необичниот животен пат на Леонардо, момче од најниските слоеви од местото Винчи кај Тоскана, до градењето на неговата кариера на популарен и култен уметник во Европа.

Леонардо да Винчи (1452 – 1519) е генијален уметник и пронаоѓач, највлијателен претставник на ренесансата, еден од најконтроверзните и мистериозните уметници во светот. Тој е сликар, вајар, архитект, инженер, анатом, астроном, ботаничар…, сестран талент и голем гениј – но и голема мистерија. Сè уште е предизвик за многу истражувачи на неговото дело и неговиот творечки пат. Атле Нес одблиску на читателите им го покажува човекот скриен зад митот за творецот и историскиот контекст во кој се создадени ремек-делата на Леонардо.

Биографијата има монографска форма. Илустрирана е со голем број цртежи, слики и скици на пронајдоци на Леонардо да Винчи, а еден дел на крајот е печатен во боја, во кој се сместени репродукции на најпознатите дела на уметникот. Преводот е на Ленче Тосева и Елена Саздовска. Атле Нес (1949) е писател, историчар и историчар на уметноста. Автор е на биографии за Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј, Едвард Мунк и Хенрик Ибзен.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 84, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот