Жителите на Ѓорче и попладнево на протести

240

Жителите на Ѓорче Петров за денеска во 18 часот најавија нови протести, по последната сообраќајна несреќа која се случи вчера, а во која беше повредено десетгодишно дете. Детето има тешки телесни повреди, но е во добра здравствена состојба.

„10 годишно дете е тешко повредено поради неприлагодена брзина.  Затоа повикуваме на мирен протест пред школото Мирче Ацев од 18:00. Сакаме конечно решение за сите жители на Ѓорче Петров и решение за дивееето во сообраќајот!“, пишува во повикот за протест, организиран од жители на Општина Ѓорче Петров.

Тие бараат да се постави сигнализација долж целата улица и да се зголеми присуството на полицајци, за да се избегнат вакви несреќи.