Жена и дете каснати од куче скитник

93

Дваесет и деветгодишната А.Г. од Скопје вчера во МВР пријавила дека дента околу 9.30 часот на улицата „Кеј 13 Ноември“ била касната од куче скитник за левата потколеница.

Истиот ден во 14 часот Ј.Н. (37) од Скопје пријавил дека околу 16 часот на улица „Капиштец“ неговиот 14-годишен син бил каснат од куче за левата надколеница.