Земјоделец нашол германска граната

За настанот била алармирана и полицијата, која на помош ги повикала пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување кои безбедно ја остраниле гранатата.

66
фото: архива

Земјоделец во атарот на битолското село Крклино открил артилериска граната со германски ознаки, со калибар 75 милиметри, која датирала од Прва светска војна. За настанот била алармирана и полицијата, која на помош ги повикала пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување кои безбедно ја остраниле гранатата.