Заштитениот сведок ги видел телата на убиените момчиња кај Смилковско Езеро

Исто така, сведокот Е1 посочил дека ги видел телата на убиените момчиња, вкупно четири, но дека не се сеќава дека имало уште едно тело.

307

Заштитениот сведок во случајот „Монструм“ раскажал дека на местото на убиството видел автомобил „голф“ и уште две возила на чии марки не можел да се сети. Според него, возилата биле со сина, бела или сива боја.

Исто така, сведокот Е1 посочил дека ги видел телата на убиените момчиња, вкупно четири, но дека не се сеќава дека имало уште едно тело. Во врска со времето кога се случило убиството сведокот Е1 посочи дека таа ноќ бил на местото, видел лица, но не знае во колку часот се случило убиството.

Откако одговараше на прашања на Специјалното јавно обвинителство пред два дена, загрозениот сведок Е1 кого присутните во судница го следат на видео бим, со заматен лик и мутиран глас, денес треба да одговори на прашања на адвокатите, обвинетите, како и родителите на убиените момчиња и рибарот, наведува МКД.мк.