Започна изградбата на зелен пазар во Берово

Како што истакна градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, изградбата на градскиот пазар ќе значи подобрување на условите за вршење пазарна дејност за беровските производители.

89
Во Берово денеска започна изградбата на зелен пазар. Вредноста на инвестицијата изнесува 12.468.650 денари, од кои околу 135 илјади евра се грант од Светска банка, а останатите се буџетско учество од општина Берово.
Како што истакна градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, изградбата на градскиот пазар ќе значи подобрување на условите за вршење пазарна дејност за беровските производители.
– Пазарот треба да биде покриен, а неговата изградба ќе значи подобрување на квалитетот на живот и условите на самите проиводители. Градскиот пазар во Берово моментално е на отворен простор, а со изградбата на новиот затворен пазар, дел од производите за кои е потребна заштита од атмосферски влијанија ќе бидат заштитени, а со тоа и граѓаните ќе добијат поквалитетни производи-рече Пекевски.
Тој додаде дека според планираното, до крајот на годинава изградбата на покриениот градски пазар треба да биде во целост завршена.
– До 30 ноември треба да завршат градежните работи за пазарот кој ќе се протега на покриена површина од околу 1.800 метри квадратни. Во временскиот период на изградба, тезгите како и самиот постоечки пазар ќе бидат времено дислоцирани на паркингот пред детската градинка ,,23 Август”, каде што граѓаните ќе имаат можност да ги набавуваат потребните производи- додаде Пекевски.
Изведувач на работите за изградба на затворениот градски пазар во Берово е ВИА Инженеринг – Вевчани врз основа на претходно законски спроведена постапка.