Захариева: Членството на Македонија во ЕУ и НАТО е од национален интерес за Бугарија

Таа рече дека земјата нема да прави компромиси со условите што треба да се почитуваат за да се биде дел од целиот преговарачки процес на ЕУ, пренесе БГНЕС.

59

Национален интерес на Бугарија е во Република Македонија да има стабилен, сигурен и безбеден сосед. Тоа ќе биде така кога земјата ќе стане сојузник на НАТО и член на Европската унија. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Таа рече дека земјата нема да прави компромиси со условите што треба да се почитуваат за да се биде дел од целиот преговарачки процес на ЕУ, пренесе БГНЕС.

„Еден од главните услови во претпристапниот процес е да имате добрососедски односи, да не водите изолациска и националистичка политика, да не ја крадете историјата на соседите и да не го негирате општото историско минато. Бугарија многу јасно ги поставува овие услови”, додаде Захариева.