Загина 15 годишно девојче во сообраќајка кај Струмица

Според полицијата, во 4,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон селото Дабиле патничко моторно возило „фолксваген кеди“ со струмички регистарски таблички излетало од патот.

318
Илустрација

Петнаесет годишно девојче од селото Радово загина утрово во сообраќајна несреќа што се случи кај селото Дабиле, а две лица се повредени и се пренесени во струмичката болница.

Според полицијата, во 4,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон селото Дабиле патничко моторно возило „фолксваген кеди“ со струмички регистарски таблички излетало од патот.

Возилото го управувал Ф.С.(21) од село Радово. (20). Покрај него е повредена и другата сопатничка Н.С.(21) , од истоименото село.

Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР Струмица.